Нормализиран железничкиот сообраќај по прекинот на бојкотот во МЖ Транспорт
Од Синдикатот велат дека дел од нивните барања се прифатени и за да не се предизвикаат дополнителни трошоци, работата е продолжена. Сообраќајот е воспоставен во 01:30 часот, а првиот воз утрово тргнал кон Куманово во 04:57 часот.

Железничкиот сообраќај од ноќеска е целосно нормализиран, откако Синдикатот на машиновозачи го прекина бојкотот по синоќешните преговори со раководството на МЖ Транспорт и претставници од Министерството за транспорт.
Од Синдикатот велат дека дел од нивните барања се прифатени и за да не се предизвикаат дополнителни трошоци, работата е продолжена. Сообраќајот е воспоставен во 01:30 часот, а првиот воз утрово тргнал кон Куманово во 04:57 часот.
Бојкотот, што започна вчера во 13:30 часот, доведе до запирање на пет патнички линии – две кон Битола и по една кон Куманово, Гевгелија и Велес. Товарниот сообраќај немал значителни застои, освен доцнења поради активности на пругите.
Синдикатот на 2 октомври доставил 15 барања, меѓу кои исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часа, зголемување на коефициентот поради трошоците за живот и 10% додаток за вонредни повикувања. Од Синдикатот најавија дека дијалогот со раководството ќе продолжи.
