УХМР

Најстудено утрово во Берово

02.12.2025 08:58

Берово со -4 степени утрово беше најстуден град во Македонија. Минусни температури беа измерени и во Тетово, Струмица, Скопје-Петровец...

Берово со -4 степени утрово беше најстуден град во Македонија. Минусни температури беа измерени и во Тетово, Струмица, Скопје-Петровец каде беа измерени -2 степени.

Минус еден степен имаше во Демир Капија, Куманово, Маврово, Битола, Крива Паланка и Велес. Во Штип, Кавадарци и Гевгелија беа измерени нула степени, додека Прилеп, Скопје-Зајчев Рид и Крушево 1 степен. Најтопли градови беа Виница, Охрид и Претор со измерени два степени.