Србија

„НИС“ без лиценца: Рафинеријата во Панчево запира, Србија бара итни решенија

02.12.2025 12:11

Белград чека одлука за евентуална лиценца за продолжување на работата. Српскиот претседател Вучиќ за денеска закажа голем состанок...

Санкциите на САД врз Нафтената индустрија на Србија ја доведоа компанијата во неизвесна позиција. Белград чека одлука за евентуална лиценца за продолжување на работата. Српскиот претседател Вучиќ за денеска закажа голем состанок.

Според претходните најави, денес рафинеријата треба да престане со работа. Србија предупредува на последиците врз снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Санкциите стапија на сила на 9 октомври. Главното барање на Вашингтон е Русите да ја напуштат сопственичката структура на НИС.