Првиот спинален центар во регионот отворен во „Аџибадем Систина“
Спиналниот центар е опремен со најновите достигнувања во однос на третманот на `рбетот. Опремен е со најновиот неврохируршки микроскоп...

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го отвори првиот спинален центар, во кој на едно место ќе се третираат сите болести на `рбетот. Ова е единствен центар од ваков вид во регионот, во кој на едно место може да се добие комплетна дијагноза и третман на целата патологија на `рбетот.
Во него врвните специјалисти трауматолози, неврохирурзи, ортопеди, неврофизиолози, неврорадиолози ги изведуваат најсовремените дијагностички, терапевстки и хируршки интервенции на целата патологија на `рбетот.
Во центарот работат трауматолози, неврохирурзи, невролози, неврорадиолози, анестезиолози и физијатри. Нивниот мултидисциплинарен пристап е фокусиран кон изнаоѓање на најефикасниот третман за секој проблем со `рбетот и `рбетниот мозок.
Спиналниот центар е опремен со најновите достигнувања во однос на третманот на `рбетот. Опремен е со најновиот неврохируршки микроскоп, последен збор на технологијата, со кој прецизно се изведуваат и најкомплексните интервенции.
Во светот бројот на пациенти со проблеми во `рбетот постојано расте. Речиси 90 проценти од возрасната популација имаат болки и невролошки оштетувања.
