Евроинтеграции

Муцунски и Муртезани во Брисел: Потврдена посветеноста на реформите

02.12.2025 10:49

Муцунски на социјалните мрежи информира дека на средбата била потврдена посветеноста на Северна Македонија кон реформите, европските интеграции и продлабочувањето на партнерството со ЕУ, особено во сферата на безбедноста и одбраната.

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес во Брисел остварија средба со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Муцунски на социјалните мрежи информира дека на средбата била потврдена посветеноста на Северна Македонија кон реформите, европските интеграции и продлабочувањето на партнерството со ЕУ, особено во сферата на безбедноста и одбраната.

Тој истакна дека Владата ја реафирмира целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, како и продолжената поддршка за Украина. Разговарале и за значењето на регионалната поврзаност и стратешките инфраструктурни проекти, меѓу кои и Коридор 8.

Муцунски и Муртезани упатиле порака за потребата од предвидлива, фер и јасна европска перспектива за земјите од регионот. Според нив, забрзан и правичен динамичен процес ќе го зајакне кредибилитетот, демократската отпорност и безбедносната стабилност и на регионот и на Европа.