Преспа ги санира штетите од поплавите кои го погодија регионот
Преспа ги санира штетите од поплавите, кои го погодија регионот. Ќе се утврдуваат штетите. Се преземаат и мерки за расчистување на речните корита за да се спречи појава на нови поплави …

Преспа ги санира штетите од поплавите, кои го погодија регионот пред една недела. Се врши дезинфекција на теренот, ќе следи и дератизација. Во тек е постапка на формирање на Комисија за проценка на штети и изработка на елаборати. Се преземаат и мерки за расчистување на речните корита за да се спречи појава на нови поплави.
„Во моментот, состојбата со водостојот на реките е стабилна, постојано значи на настанувањето на штетата, интервенираме на терен, со расчистување на теренот, со чистење на речните корита, се со цел да не се повтори во период уште една таква ситуација и се надевам према овие показатели, временски што ги имаме, дека нема да имаме толку обилни врнежи, но и водостојот е веќе стабилен“, вели градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски.
Покрај обилните врнежи за поплавите улога има човечкиот фактор - узурпација нелегални градби и несовесно одлагање отпад.
„Имавме премногу сушни години, речните корите баш на местото на кај што се излеани беа, оваа пролет исчистени, да, има и делови неисчистени, каналската мрежа е дел руинирана, дел затворена“, додава Тозиевски.
Во Преспанскиот регион под наплив на силните врнежи и надојдени води имаше голем број поплавени дворови, излеани реки и канали, оштетени патишта. Најпогодени беа селата Царев Двор и Дрмени.
Соња Рилковска
