Влада

Фетаи во официјална посета на САД

02.12.2025 18:19

За време на престојот, Фетаи ќе оствари средби на високо ниво со претставници на американските институции, со претставници од системот на Обединетите Нации, како и со истакнати претставници на албанската заедница од Северна Македонија кои живеат и придонесуваат во САД.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, започна повеќедневна официјална посета на Њујорк и Вашингтон, Соединетите Американски Држави.

За време на престојот, Фетаи ќе оствари средби на високо ниво со претставници на американските институции, со претставници од системот на Обединетите Нации, како и со истакнати претставници на албанската заедница од Северна Македонија кои живеат и придонесуваат во САД.

Централен дел од посетата е учеството на Втората глобална конференција за користење податоци за подобрување на мерењето на корупцијата, организирана од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). На конференцијата, Фетаи ќе ги презентира искуствата и заложбите на Владата на Република Северна Македонија во борбата против корупцијата, како и напорите за унапредување на транспарентноста и отчетноста.

Дополнително, заменик-претседателот на Владата ќе присуствува на манифестациите организирани од албанските здруженија во Њујорк по повод ноемвриските празници. Во рамки на посетата, предвидени се и други работни средби насочени кон продлабочување на билатералната соработка и меѓународна промоција на реформите во областа на доброто владеење, владеењето на правото и зајакнувањето на институционалниот интегритет.