Скопје

Почна изградбата на новата детска градинка во Дексион- Ѓорче Петров

02.12.2025 13:58

Објектот е со површина од 900 м² со капацитет од 120 деца. Рокот за изградба е две години, а инвестицијата на општината изнесува 81.964.479,19 денари со ДДВ.

Општина Ѓорче Петров денеска го означи стартот на изградбата на новата детска градинка во урбаната заедница Дексион, објект кој ќе претставува модерен, безбеден и топол простор за најмладите жители на општината.

На настанот присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски чија поддршка претставува силен поттик за унапредување на условите за ран детски развој.

Објектот е со површина од 900 м² со капацитет од 120 деца. Рокот за изградба е две години, а инвестицијата на општината изнесува 81.964.479,19 денари со ДДВ.

Објектот е проектиран според највисоки европски стандарди за безбедност, пристапност и енергетска ефикасност, со занимални, голем централен хол, современа централна кујна, целосна пристапност за лица со попреченост, детски игралишта, зеленило, урбана опрема, топлински пумпи и соларен систем за пониски трошоци.

Со пуштањето во употреба на градинката ќе се обезбедат нови места за прием на деца, ќе се намалат листите на чекање, ќе се отворат нови работни позиции и ќе се растоварат постојните капацитети, соопштуваат од општината.