Уставен суд

Се чека одлуката на Уставен за линеарното покачување на пензиите

02.12.2025 16:08

Од Уставен веќе посочија дека конечна одлука сè уште не е донесена. Ако Уставниот суд го укине линеарното зголемување на пензиите, пензионерите ќе излезат повторно на протест на 10-ти декември пред седиштето на ЕУ во Скопје.

Уставните судии имаат три можности при одлучувањето за уставноста на линеарното зголемување на пензиите. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски откако пензионери од повеќе градови дојдоа на протест пред Уставниот суд.

Тој рече дека едната е да ги прогласат мерките за неуставни, со што 75% од пензионерите ќе имаат пониски пензии, втората е укинување на мерката на владата, што според Мицкоски е „неправедно и смешно“, а третата е да се произнесат дека мерката е уставна.

Мицкоски рече дека нема да коментира повеќе и ќе остави на Уставниот суд, за како што кажа, да не биде сфатено дека прави притисок врз судиите и обвинителите.

Од Уставен веќе посочија дека конечна одлука сè уште не е донесена.

Ако Уставниот суд го укине линеарното зголемување на пензиите, тие ќе излезат повторно на протест на 10-ти декември пред седиштето на ЕУ во Скопје.

Следното зголемување на пензиите е предвидено за во март в година од 1.000 денари линеарно, по што ќе се врати старата пресметка, покачување согласно со растот на инфлацијата и просечната плата.

Борис Грујоски