Директорот на БЈБ Јанев ја отвори обуката за високо раководно ниво во областа на Community Policing
Јанев имаше свое обраќање на отворањето на дводневната обука за високо раководно ниво во делот на полициското работење во заедницата – Community Policing, реализирана во рамки на проектот „Шведска поддршка за полициските реформи во Северна Македонија“...

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев имаше свое обраќање на отворањето на дводневната обука за високо раководно ниво во делот на полициското работење во заедницата – Community Policing, реализирана во рамки на проектот „Шведска поддршка за полициските реформи во Северна Македонија“.
Во своето обраќање Јанев нагласи дека полициското работење во заедницата претставува стил на работа заснован на доверба помеѓу граѓаните и полицијата, превенција на асоцијални и криминални поведенија, како и заедничко идентификување на проблемите и изнаоѓање решенија за нивно надминување.
Тој посочи дека само преку градење партнерства и активно вклучување на граѓаните можат да се создадат побезбедни, посилни и поотпорни заедници. Дополнително, нагласи дека континуираното зајакнување на врската помеѓу полицијата и заедницата претставува клучен предуслов за постигнување траен напредок во безбедноста и правдата во општеството.
