Политика

Прекројување на владиниот кабинет по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

02.12.2025 16:58

Откако премиерот го достави предлогот за пополнување на владиниот тим во Собранието, се чека потврда од пратениците. Мицкоски засега не размислува за дополнителни промени. Следува партискиот конгрес, но и Самитот ЕУ-западен Балкан…

Прекројување на владиниот кабинет по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, засега овој процес со пополнување на испразнетите места на „Илинденска“ е завршен, потврди премиерот Мицкоски.

До пратениците е доставен неговиот предлог со кој вицепремиерското место ќе му припадне на Беким Сали, а со животна средина треба да раководи поранешниот портпарол на Владата, Мухамед Хоџа.

Од нив очекува да работат чесно, посветено и во интерес на народот. Кој ќе го замени Муртезани во ресорот евроинтеграции, Мицкоски не открива-вели фокусот е на претстојниот Самит на Западен Балкан.

Советот на Европската унија на Самитот до декември уште еднаш ќе ја повика Македонија да ја исполни обврската и да ги направи уставните измени, за да може да продолжи со преговарачкиот процес, покажуваат нацрт-заклучоците за проширувањето.

Во документот се наведува дека советот ја поздравува посветеноста на земјата на евроинтеграциите и ја „охрабрува да ги интензивира напорите за унапредување на реформите“. Софија инсистира на почитување на договорените предуслови за Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија.

Нацрт-заклучоците на Советот се очекува едногласно да бидат усвоени од земјите-членки на Унијата на Самитот на 16-ти декември во Брисел. Тие се базирани на извештаите на Европската комисија, објавени претходно во ноември за напредокот на земјите-кандидатки.

Викторија Милевска