Истражување

Трошоците за децата постојано се зголемуваат, родителите под голем притисок

02.12.2025 15:14

Родителите чувствуваат голем притисок бидејќи трошоците за децата постојано се зголемуваат – покажува истражувањето „Трошоци за одгледување дете во земјава – реалност, предизвици и препораки“. Според анализата направена со околу 600 испитаници, она што државата го дава како поддршка не соодветствува со потребите на родителите, не може да се пресметуваат само минимални трошоци кога децата мора да имаат и социјален живот…

На годишно ниво за редовни потреби на едно дете родителите трошат од 150 до 200 илјади денари, во зависност од возраста на детето. Како децата растат така растат и трошоците, покажува истражувањето врз околу 650 родители. Она што државата го дава како поддршка не соодветствува со потребите на родителите, велат од Центарот за еднаквост и правда.

Според нив, постојат и скриени трошоци, но и не може да се пресметуваат само минималните, децата мора да имаат и социјален живот.

Се апелира државата да ги ревидира начините на пресметување на трошоците, особено Државниот завод за статистика, доколку сакаме да градиме демократска иднина во државава.

Во земјава помош се дава само на оние кои се соочуваат со екстремна сиромаштија, но поддршка им треба на сите родители, заклучок од направената анализа „Трошоци за одгледување на деца“.  Оваа методологија ја прават и европските држави.

Ана Јосифоска