Барањата за формирање на Анкетна комисија за несреќата во „Пулс“ во среда ќе бидат ставени на гласање
Двете барања за формирање на Анкетна комисија за несреќата во дискотеката „Пулс“ во среда ќе бидат ставени на гласање. Едната од власта другата од опозицијата. Спикерот Гаши вели сакам да се реши консензуално, бидејќи форматот на комисијата која ќе расправа е познат.

Доколку партиите не се договорат за една, двете барања за формирање на Анкетна комисија за несреќата во дискотеката „Пулс“ во среда ќе бидат ставени на гласање. Едната од власта другата од опозицијата. Спикерот Гаши вели сакам да се реши консензуално, бидејќи форматот на комисијата која ќе расправа е познат.
Побарал од претседателот на Постојаната комисија за заштита на човековите права и слободи, да ја презакаже седницата закажана за 9-ти декември кога ќе бидат присутни родителите на загинатите од „Пулс“, бидејќи истиот ден се отвора и Буџетот на пленарна седница, а пратениците сакале да присуствуваат на комисиската расправа која ја води Апасиев.
Во кабинетот на Гаши се размислува и за формирање на работна група за новиот Изборен законик. Недоумицата е дали да го чекаат финалниот текст или пратениците сами да дадат сугестии за исклучително важниот закон.
Именувањата на новите министри во Владата Беким Сали и Мухамед Хоџа, како и разрешувањето на Орхан Муртезани ќе се случи по изгласување на Буџетот.
Миле А. Ристески
