Белгија

Федерика Могерини уапсена во Брисел за финансиски измами

02.12.2025 14:45

Поранешната шефица на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини, e една од трите лица уапсени од белгиската полиција, во обемна истрага за измама за финансирање на академијата во Бриж за млади дипломати...

Поранешната шефица на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини, e една од трите лица уапсени од белгиската полиција, во обемна истрага за измама за финансирање на академијата во Бриж за млади дипломати. Полицијата извршила рации во дипломатската служба на ЕУ, Колеџот на Европа и во приватни домови како дел од истрагата за наводна злоупотреба на средствата на ЕУ.

Могерини, која во моментов ја извршува функцијата ректор на Колеџот на Европа, била уапсена во Брисел, а истрагата се однесува на сомнежи за финансиски неправилности и злоупотреби во институциите со кои соработувала.

Уапсен бил и уште еден вработен во Колеџот на Европа, вклучен во одделот за извршно образование, како и високиот функционер на Европската комисија, Стефано Санино.