Временска прогноза

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

03.12.2025 08:08

Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се намали до 3 степени, а максималната ќе се искачи до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер.