уст
Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска си поднесе оставка од функцијата судија
03.12.2025 08:28
Уставниот суд сега останува со само седум судии, откако беше разрешена судијката Елизабета Дуковска, а на нејзино место сè уште не е избран наследник...

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од функцијата судија. Оставката, како што информираат од Уставниот суд, е поради здравствени и лични причини. Дабовиќ-Анастасовска за уставен судија беше избрана на 12-ти декември 2023 година и на местото доаѓа како професор на правниот факултет „Јустинијан први“ при универзитетот „Св. Кирил и методиј“.
Уставниот суд сега останува со само седум судии, откако беше разрешена судијката Елизабета Дуковска, а на нејзино место сè уште не е избран наследник.
