Аерозагадување
Зголемено нивото на аерозагадување во Скопје
03.12.2025 08:19
Податоците на платформата која го мери индексот за квалитетот на воздухот покажаа големо зголемување на воздухот во главниот град...

Во Скопје повторно регистрирано енормно аерозагадување. Податоците на платформата која го мери индексот за квалитетот на воздухот покажаа големо зголемување на воздухот во главниот град. Најголемиот дел од мерните станици регистрираа зголемување на индексот на квалитетот на воздухот од 150 до 180, што е далеку над дозволеното ниво на Пи-ем 10 и Пи-ем 2,5 честички.
Најкритично е во Центар, Карпош и во Аеродром, каде што Пи-ем честичките беа повеќекратно над дозволеното ниво.
