Зеленски: Важно е разговорите да се фер и праведни
Разговорите за крај на речиси четиригодишната војна беа конструктивни, но останува уште многу работа, велат од Кремљ...

Путин се сретна со претставникот на американскиот претседател Виткоф, и зетот на Трамп, Кушнер, во Москва на разговори во рамки на обновениот притисок за мировен договор за Украина. Разговорите за крај на речиси четиригодишната војна беа конструктивни, но останува уште многу работа, велат од Кремљ.
„Разговорот беше многу корисен, конструктивен и многу суштински, и траеше не пет минути, туку пет часа. Ова ни овозможи темелно да ги разгледаме перспективите за понатамошни заеднички напори насочени кон постигнување долгорочно мирно решавање на украинската криза“, изјави Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на Кремљ.
Средбата се одржа неколку дена откако американските претставници разговараа со украинскиот тим на Флорида. Зеленски инсистира дека разговорите за мировен план треба да ја вклучат Украина и да бидат отворени, фер и праведни.
„Важно е сето ова да биде отворено, фер и праведно. За да нема работа зад грбот на Украина. Ништо нема да се одлучи без Украина, за Украина, за нашата иднина“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Планот на САД, првично составен од 28 точки, беше ревидиран во неодамнешните разговори со Киев, првенствено фокусирајќи се на дефинирање на границата како дел од потенцијален прекин на огнот.
