Економија

Македонско-српски бизнис форум во Скопје

03.12.2025 08:40

Над 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од денешниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје со цел интензивирање на економската соработка...

Над 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од денешниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје со цел интензивирање на економската соработка.

Пред одржување на форумот, во Владата на Република Северна Македонија, заменик -претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и заменик-претседателката на Владата на Република Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ ќе потпишат Меморандум за разбирање.

Годинава, двете земји бележат раст во размената, но потенцијалите се многу поголеми од она што се остварува.