Годишна конференција на МАСИТ
Темата на конференцијата, како што соопштува организаторот, носи силна порака, односно потреба од редефинирање на улогата на технологијата во општеството, бизнисот и секојдневието.
Во Скопје денеска ќе се одржи конференцијата MASIT 2.0 – „Recode Reality“, организирана од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
Темата на конференцијата, како што соопштува организаторот, носи силна порака, односно потреба од редефинирање на улогата на технологијата во општеството, бизнисот и секојдневието.
На конференцијата ќе учестуваат водечки домашни и меѓународни експерти од областа на технологијата, телекомуникациите, сајбер-безбедноста, вештачката интелигенција, спортски медиумски платформи и дигиталната трансформација.
МАСИТ годинава ја одбележува 25-годишнината од своето постоење и планира да ја зајакне својата улога како стратешки партнер на државата и бизнис-заедницата, со фокус на унапредувањето на јавните политики и застапувањето на интересите на ИКТ-индустријата, интернационализацијатa и подобро регионално позиционирање, како и поддршка за иновации, вмрежување и пристап до донаторски и европски фондови.
