Австралија

Австралија воведува старосна граница од 16 години за користење на социјалните мрежи

03.12.2025 14:13

Платформите ќе се соочат со казни 33 милиони долари од 10 декември ако не преземат чекори за отстранување на сметки на австралиски деца помлади од 16 години...

Австралија следната недела ќе воведе старосна граница од 16 години за користење на социјалните мрежи. Платформите ќе се соочат со казни 33 милиони долари од 10 декември ако не преземат чекори за отстранување на сметки на австралиски деца помлади од 16 години.

Дел од платформите веќе се согласија дека ќе се придржуваат на планот на австралиската влада.

Изминатиот месец, малезиската влада соопшти дека ќе ги забрани сметките на социјалните медиуми за деца помлади од 16 години од 2026 година. Европската комисија, Франција, Данска, Грција, Романија и Нов Зеланд се исто така заинтересирани за поставување минимална возраст за социјалните медиуми.