Бугарија
Еврото ја турка Бугарија кон нова политичка криза
03.12.2025 12:22
Бугарските пратеници го отфрлија предлогот на претседателот за одржување референдум со прашањето – „Дали се согласувате Бугарија да ја воведе единствената европска валута, еврото, во 2026 година“...

Бугарските пратеници го отфрлија предлогот на претседателот за одржување референдум со прашањето – „Дали се согласувате Бугарија да ја воведе единствената европска валута, еврото, во 2026 година“.
Во меѓувреме, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека партијата е подготвена за предвремени избори доколку не се постигне мнозинство за усвојување на буџетот за 2026 година.
Изјавата следува во момент на масовни насилни протести низ земјата и по директниот повик на претседателот Румен Радев, владата да си поднесе оставка.
