ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Во Струмичко расте интересот за субвенции и поддршка од државата за развој на земјоделството

03.12.2025 19:15

Во Струмичко расте интересот за субвенции и поддршка од сите мерки и програми на државата за развој на земјоделството. За поголема искористеност на домашните и европските фондови, потребно е потикнување и охрабрување на земјоделците со презентација на добри практики сметаат од асоцијацијата на земјоделски задруги …

Расте интересот за добивање субвенции и поддршка од државата за развој и унапредување на земјоделството во струмичкиот регион. Првиот човек на подрачната единица на Министерството за земјоделие во Струмица кажа дека вкупните вкупниот број на апликации по сите основи годинава е за 500 повеќе во однос на лани.

Државата ќе мора да најде начин и модел како да ги охрабри земјоделските стопанства да конкурираат како на домашните и европските фондови за развој на агорскеторот. Драги Памуков од Куклиш смета дека мора да се презентираат добрите практики во државата.

Во струмичко се евидентирани околу 5 илјади физички и правни лица кои се занимаваат со земјоделство како примарна или дополнителна дејност.

Ване Трајков