Министерот Адеми се сретна со британскиот амбасадор Гарет

04.09.2014 15:03

Mинистерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска се сретна со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија Чарлс Едмунд Гарет.

На средбата, како што соопшти Министерството за образование и наука, се разговарало за досегашната соработка помеѓу Република Македонија и Велика Британија во полето на образованието и наука.

Министерот Адеми го искажа своето задоволство од соработката меѓу Министерството за образование и наука со Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, со што учениците во Република Македонија ќе учат по истите наставни програми и од истите учебници, како и учениците од Велика Британија, адаптирани на нашите национални особености, се вели во соопштението од МОН.

На средбата било потенцирана досегашната успешна соработка меѓу двете земји се остварува и преку стипендиите за втор циклус студии во Велика Британија во рамките на Британската Чевенинг програма за стипендии и Британскиот фонд, која е една од најпрестижните програми за стипендии, наменети за меѓународни студенти за студирање во Обединетото Кралство.