Одбележување

Меѓународен ден на лицата со попреченост

03.12.2025 13:31

Во државата низа мерки има во текот на целата година за подигање на свеста за правата, потребите и интегрирање на овие лица во општеството.

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Овој ден треба да не потсети дека треба да ги почитуваме разликите, а не да ги негираме.
Во државата низа мерки има во текот на целата година за подигање на свеста за правата, потребите и интегрирање на овие лица во општеството. Голема поддршка има и од претседателката Сиљановска-Давкова.
 
Андријана Ѓурческа известува.