„Безбеден град“ е новото нормално
Вниманието на скопјани во изминатите три дена е свртено кон проектот „Безбеден град“. Социјалните мрежи и секојдневните разговори се темелат на тоа колку прекршоци се направени во текот на денот. Секој возач треба да знае дека 50 е најголемата дозволена брзина во населено место, но има одредени места каде треба да биде и помала, особено во близина до училиште или градинка…

Електронскиот систем за регистрирање сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ е новото нормално. За да ги почитуваме сообраќајните правила неопходно е секаде да има соодветни сообраќајни знаци, вели еден од нашите телевизиски возачи Сашо Трајковски.
Од Град Скопје велат дека новиот систем ќе им помогне полесно да ги мапираат проблематичните зони и при поставување нова сообраќајна сигнализација.
Камерите не се 100 насто прецизни при мерењето на брзината, велат експертите и затоа препорачуваат мал праг на толеранција како во останатите европски земји.
Човечкиот живот нема цена, велат граѓаните, навикнувајќи се на ограничувањето. За еден ден „Безбеден град“ регистрира над 100 илјади прекршоци.
Според надлежните целта е да се подигне свеста кај учесниците во сообраќајот и да се развие сообраќајната култура. Очекувањата се до 2030-та за половина да се намали бројот на жртви, а до 2035-та целосно.
Македонија припаѓа во земјите кои се на врвот по смртност од сообраќајни несреќи.
Александра Велинова
