Македонија
Регионална конференција за заштита од пожари
03.12.2025 16:01
Безбедноста во најголема мера зависи од пожарникарите. Токму затоа потребна е нова опрема во согласност со европските стандарди. Во Скопје се одржа регионална конференција…

Да се спасат драгоцени животи со спречување на катастрофите од пожари пред да се случат. Безбедноста на објектите во фокус, директорот на дирекцијата за заштита и спасување со став-потребна е силна стратешка соработка меѓу проектантите, надзорот, изведувачите, инженерите.
Потребно е подобрување на законите и подзаконските акти, но и нова современа технологија.
Безбедноста не е трошок, таа е инвестиција во животот, во иднината и во сигурноста на сите нас, порака на првата Регионална конференција за заштита од пожари.
Александра Спировска
