Секојдневна битка на лицата со посебни потреби
Инклузијата не е едноставен процес, таа не е само физичко присуство на ученикот, сите сме вклучени, вели образовниот асистент која дава поддршка на два ученика во основното училиште „Љубен Лапе“. Потребна е тимска работа, велат наставниците, сите заедно сме одговорни да создадеме услови во кои различностите ќе се почитуваат, а не ограничуваат...

Инклузијата не е едноставен процес, таа не е само физичко присуство на ученикот, сите сме вклучени, вели образовниот асистент која дава поддршка на два ученика во основното училиште „Љубен Лапе“. Децата меѓу себе се отворени и полни со љубов, прифатени се од своите соученици. Голема е толеранцијата и разбирањето особено во пониските одделенија, раскажува Атанасова.
Потребна е тимска работа, велат наставниците, сите заедно сме одговорни да создадеме услови во кои различностите ќе се почитуваат, а не ограничуваат. Соработка со стручната служба во училиштето, образовните асистенти како и со родителите.
Од големо значење е и сензорната соба во училиштата каде учениците можат да се релаксираат, вели директорката на училиштето „Љубен Лапе“ каде учат 17 деца со посебни потреби.
Општините се посветени на подобрување на условите за децата со посебни потреби. Во општина Аеродром има и ресурсен центар во склоп на „Златен Сремец“ кој го посетуваат 14 дечиња од оваа општина. Децата со посебни потреби од општината се вклучени и во спортски активности преку проектот „Заиграј со нас“.
Се работи и на инфраструктурата во училиштата, поставени се веќе лифтови во повеќе училишта во општините.
Овој 3-ти декември, потсетува дека квалитетно и достапно образование за сите деца е основа за праведно и инклузивно општество.
Ана Јосифоска
