Зелено светло за една Анкетна комисија за пожарот во „Пулс“ и другите трагедии во земјава
Пратениците дадоа зелено светло за владиниот предлог-една Анкетна комисија за пожарот во кочанската дискотека и другите трагедии во земјава. Ќе се бара одговорност и расветлување на пропустите…

Мнозинството и опозицијата во Собранието без ниту еден глас против одлучија да се формира Анкетна комисија која ќе ги разгледува причините за несреќите, покрај во дискотеката „Пулс“ и за пожарот во модуларната болница во Тетово, но и за сообраќајните несреќи во Бугарија и кај Ласкарци.
Потребна е неселективност за сите трагични настани, со што би се дошло до објективно согледување и решавање на системски пропусти и недостатоци-согласни се пратениците.
Иницијативата на опозицијата за Анкетна комисија не мина кај пратениците. Имаме пред сè морална обврска пред сите луѓе коишто ова го бараат од нас. Мора да се слушне гласот во Собранието. Тоа се сите граѓани, во конкретниот случај родителите на загинатите и повредени, рече лидерот на социјалдемократите, Филипче.
Следната недела во Собранието ќе се одржи седница на постојаната Анкетна комисија за заштита на човековите права и слободи. На неа ќе бидат присутни и родителите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“.
Миле А. Ристески
