Македонија и Србија потпишаа петгодишен меморандум за соработка
Македонија и Србија направија нов чекор кон економско поврзување. Во Владата се потпиша меморандум за разбирање за економска соработка, кој треба да ја зацврсти заедничката дејност во трговијата, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари. Се одржа и бизнис-форум...

Модернизација на железницата и патната инфраструктура како и изградбата на интерконекторот. Брзата реализација на стратешките проекти-клуч за забрзан економскиот развој на двете држави, вели српската бизнис-заедница.
Нашите предлози се јасни, на ред се владите да исполнат, вели првиот човек на стопанската комора. Азески побара поголема помош од државата за раст на извозот.
Се продлабочува стратешката соработка меѓу Македонија и Србија. Во владата ставен потпис на меморандум кој меѓу другото ќе значи заеднички настап на компании од двете земји на трети пазари. Извозот од Србија во првите 9 месеци од годинава надмина 800 милиони евра.
На македонско-српскиот бизнис-форум присуствуваа над 300 водечки компании од двете земји.
Викторија Милевска
