Македонија
Вицепремиерот Николоски од Брисел: Важни средби во интерес за Македонија
03.12.2025 21:31
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во работна посета во Брисел каде ја започна неколкудневната политичка и економска агенда...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во работна посета во Брисел каде ја започна неколкудневната политичка и економска агенда.
На својот фејсбук-профил тој напиша:
„Во Брисел во организација на влијателната тинк тенк организација Friends of Europe дел од годинешниот настан кој е посветен на проширувањето на ЕУ.
Плодни средби и одлични разговори во интерес на Македонија“ , објави вицепремиерот Николоски.
