Временска прогноза
Облачно со повремени врнежи од дожд
04.12.2025 08:11
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска че биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m2 за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
