Димитриеска-Кочоска домаќин на словачкиот колега Каменицки
Ова е прва официјална посета на министер за финансии на Република Словачка во нашата држава...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ќе биде домаќин на министерот за финансии на Република Словачка, Ладислав Каменицки, кој ќе престојува во РС Македонија.
Ова е прва официјална посета на министер за финансии на Република Словачка во нашата држава.
Во рамки на програмата, двајцата министри ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следи билатерален состанок на делегациите од двете земји.
Фокусот на разговорите ќе биде насочен кон продлабочување на регионалната соработка во развојот на пазарите на капитал, размена на искуства за зголемување на ефикасноста во наплатата на јавните приходи, како и унапредување на политиките во борбата против сивата економија и даночната евазија.
По завршување на средбата, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите во Министерството за финансии, најавија од Министерството за финансии.
