Кривичен Суд

Ново рочиште од судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

04.12.2025 08:04

Во судницата во затворот во Идризово, ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“. Обвинетите и нивните адвокати треба да ги дадат воведните зборови. На последното судење, сите рекоа дека не се виновни. Сопственикот на дискотеката Јованов и неговиот син тврдеа дека не знаеле оти групата „ДНК“ ќе користи пиротехника...

Во судницата во затворот во Идризово, ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“. Обвинетите и нивните адвокати треба да ги дадат воведните зборови. На последното судење, сите рекоа дека не се виновни. Сопственикот на дискотеката Јованов и неговиот син тврдеа дека не знаеле оти групата „ДНК“ ќе користи пиротехника.

Реалниот сопственик на објектот Гроздан Милковски пак рече дека не ни знаел за што ќе се користи просторот што на Јованов му го дал под закуп, ниту дал согласност за негова адаптација. Архитектката пак се бранеше дека била ангажирана само за дел од проектот, но и тој бил само за домашна употреба. За пожарот во „Пулс“ обвинети се 35 физички и три правни лица.

Кобната вечер на 16-ти март, настрадаа 63 лица, а над 200-те беа повредени.