Продолжуваат дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина
Американскиот специјален претставник Виткоф на средба со украинскиот шеф за безбедност Умеров во Мајами, по петчасовните разговори со Путин во Москва. Иако од Кремљ велат дека средбата не донела компромис, Трамп оцени дека разговорите биле разумно добри.

Во Флорида, продолжуваат дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина. Американскиот специјален претставник Виткоф на средба со украинскиот шеф за безбедност Умеров во Мајами, по петчасовните разговори со Путин во Москва. Иако од Кремљ велат дека средбата не донела компромис, Трамп оцени дека разговорите биле разумно добри.
„Претседателот Путин имаше многу добар состанок со Кушнер и Виткоф. Што ќе произлезе од таа средба, не можам да ви кажам, бидејќи за танго се потребни двајца. Путин би сакал да ја заврши војната, тоа беше нивниот впечаток“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Зеленски смета дека Украина конечно е слушната и дека има шанса за крај на војната, но само ако дипломатијата оди заедно со притисокот врз Русија.
„Светот сега јасно чувствува дека постои можност за завршување на војната, а сегашната активност во преговорите мора да биде поткрепена со притисок врз Русија. Сè зависи од оваа комбинација – конструктивна дипломатија плус притисок врз агресорот. Двете компоненти работат кон мир“, нагласи украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Советникот на Путин, Ушаков вели дека по руско-американските разговори расположението е позитивно, имплицирајќи дека руските воени успеси на фронтот одиграле важна улога во преговорите Вашингтон-Москва. НАТО ја потврди поддршката за Украина, поздравувајќи ги тековните мировни напори на САД.
