Нови прекршувања на примирјето во Газа
Израел тврди дека Хамас го прекршил примирјето, додека милитантите ги осудуваат нападите.

Израелските воздушни сили нападнаа позиции на Хамас во Газа, по ранувањето на пет израелски војници од оперативци на групата кои излегле од тунел во Рафах.
Израел тврди дека Хамас го прекршил примирјето, додека милитантите ги осудуваат нападите.
Во меѓувреме, Тел Авив потврди дека предадените останки припаѓаат на последниот тајландски заложник од нападот на 7 октомври, додека во Газа останува уште едно тело на заложник. Израел најави отворање на граничниот премин со Египет.
„Преминот Рафах наскоро ќе се отвори, првично за излез на жителите од Газа кои сакаат да заминат во Египет, а во двата правци кога сите наши заложници ќе бидат вратени според целиот договор, што сакаме да се случи веднаш“, изјави Шош Бедросијан, портпаролка на израелската влада.
