Свет

Венецуела распореди воени сили ширум земјата

04.12.2025 11:21

Претседателот Мадуро изјави дека се подготвени да го бранат суверенитетот и достоинството, давајќи предност на мирот.

Венецуела распореди војска ширум земјата како одговор на заканите од САД. Претседателот Мадуро изјави дека се подготвени да го бранат суверенитетот и достоинството, давајќи предност на мирот. За првпат проговори за телефонскиот разговор со Трамп оценувајќи го разговорот како почитувачки и срдечен и нагласи дека дипломатијата е секогаш добредојдена.

„Ако тој телефонски повик значи дека се преземаат чекори кон почитувачки дијалог меѓу двете држави, тогаш дијалогот е добредојден, дипломатијата е добредојдена, бидејќи ние секогаш ќе го поздравуваме дијалогот и мирот“, нагласи Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Последните месеци, САД го засилија военото присуство на Карибите, изведувајќи напади врз бродови за кои тврдат дека превезувале дрога.