Во македонскиот КИЦ во Софија концерт на квинтетот „СаксКлар“
Реномираните саксофонисти: Стојан Димов, Нинослав Димов, Горан Трајковски, Григори Ангелов и Ѓорѓи Димовски го сочинуваат квинтетот кој е единствен камерен состав од овој вид, не само во Македонија, туку и пошироко.

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи концерт на квинтетот саксофонисти – „СаксКлар“. Македонските музичари пред софиската публика, преку аранжманите на Нинослав Димов специјално подготвени за овој неконвенционален музички камерен ансамбл, ќе се претстават со исклучителен репертоар, кој вклучува разни музички стилови, и ќе ги задоволат сите сетила и вкусови на љубителите на музичката уметност.
Реномираните саксофонисти: Стојан Димов, Нинослав Димов, Горан Трајковски, Григори Ангелов и Ѓорѓи Димовски го сочинуваат квинтетот кој е единствен камерен состав од овој вид, не само во Македонија, туку и пошироко.
На програмата на концертот се дела од генијалните музички имиња: Волфганг Амадеус Моцарт, Јохан Себастијан Бах, Џорџ Гершвин, Бела Барток и Бела Ковач.
