Собрание

Четири комисии денеска во Собрание

04.12.2025 09:20

Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија...

Четири комисии денеска ќе заседаваат во законодавниот дом. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.

Пред пратениците во Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се наоѓа Предлог-законот за измена на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена процедура.

Во Комисијата за образование, наука и спорт ќе се разгледуваат Предлог-законот за изменување на Законот за средното образование и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, и двата по скратена постапка.

На агендата на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се ставени Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, и Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните патишта, во прво читање.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе ги разгледуваат Предлог-законот за измена на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Предлог-законот за изменување на Законот за средното образование, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, сите по скратена постапка, и Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните патишта, во прво читање