Свет
Земјотрес со јачина од 6,4 степени во Кина
04.12.2025 09:34
Земјотресот се случил утрово во 7:44 часот на длабочина од 10 километри...

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди кинескиот регион Јужен Синџијанг, во близина на границата со Киргистан, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил утрово во 7:44 часот на длабочина од 10 километри.
Во моментов нема информации за потенцијални штети или жртви.
