Стартува третиот по ред „Спортски бон- тон“
Стартуваше третата кампања „Спортски бон-тон“ што се одржува под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов. Со поддршка на американската амбасада, деца од повеќе градови од Македонија ќе учат како да се почитува противникот, како услов за дружење и толеранција...

Спортскиот караван кој ги враќа традиционалните игри во секојдневието на најмладите годинава стартува од Велес. На Градскиот стадион деца од шест општини, учесници на третата по ред манифестација „Спортски бон- тон“, се натпреваруваа во игри за кои досега само слушале од нивните родители.
„Јас уште немам скокано, но вака ми изгледа многу интересно“.
„Се собравме многу деца од сите градови и имаме убави традиционални игри“, велат анкетираните ученици, учесници во проектот „Спортски бон-тон“.
Целта на проектот е преку игра, забава и дружење на децата од различни етникуми да се подобруваат меѓуетничките односи во земјава.
„Она што ќе го научат во спортот ќе им треба во целиот нивен живот, да научат да го почитуваат противникот, да научат дека треба да се успее, дека за секој успех треба кондиција, да се подготвуваат за секој натпревар, да знаат да ги почитуваат правилата на игра“, рече Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија.
Проектот има подршка и од Американската амбасада.
„Знам дека ќе биде возбудлив период за децата кои учествуваат, ќе биде времето поминато со спорт и пријателство“, изјави амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.
Организаторите очекуваат другарството создадено денес да биде добра основа врз која ќе се гради соживотот во Македонија.
„Преку вакви проекти сакаме и на идните генарации да им пренесеме да не се изгуби традицијата“, рече Иван Атанасовски од Геостратешки институт Глобал.
Освен во Велес, децата учесници во овој проект ќе се дружат и спртуваат во Охрид, Маврово и Ростуше, Свети Николе, Ново Село и во Карпош.
Дијана Иванова
