Струмица

И ти можеш да бидеш хероина – обука жените да се вклучат во пожарникарството

07.12.2025 13:42

Можностите за вклучување на жените во волонтерските противпожарни активности во земјава се ограничени и постојат структурни општествени бариери. Со помош на Операција Флоријан од Англија во неколку града во Источна Македонија се реализираат обуки и работилници дека пожарникарството може да биде и женска професија…

Десетина жени од Источна Македонија покажаа интерес да се вклучат во работата на доброволните противпожарни друштва во земјава. Тие беа дел од работилниците насловени „И ти можеш да бидеш хероина“ каде теоретски и практично ги учеа првите чекори за пожарникарската дејност. Меѓу нив е беше и Танкица Стојанова од Струмица.

Работилниците ги организираше Организацијата на жени од Свети Николе заедно со Операција Флоријан од Англија и мрежата на доброволните противпожарни друштва. Целта е да се надминат бариерите и предрасудите дека пожарникарството е само машка професија.

Мора да работите во насока жените да се вклучат во противпожарните волонтерски ативности, потенцираа претставниците од Англија.

„Имаме голема поддршка во Англија, и се надеваме дека ќе го видиме тоа и овде во Македонија. Можеби има пречки, можеби не се чувствуваат доволно силни, можеби мислат дека не можат да ја работа таа работа затоа што е тешка. Еве јас се чувствувам доволно силна и можам да работам како пожарникарка, па можете и вие“, вели Ема Синглер – пожарникарка од Манчестер, Англија.

Според информациите во Македонија само една жена е вработена во професионална противпожарна единица

Ване Трајков