Интеграции

Економијата и инфраструктурата во фокусот на средбите на вицепремиерот Николоски во Брисел

04.12.2025 10:22

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски е во Брисел на неколкудневна политичка и економска агенда. Потврда дека Македонија активно работи на приближување кон европските стандарди …

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја започна својата работна агенда во Брисел, каде денеска учествува на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ што го организира бриселскиот тинк-тенк „Пријатели на Европа“. Утре, ќе учествува и на Министерскиот совет на Транспортната заедница.

Најавени се бројни политички и економски средби со високи претставници на Европска унија како и меѓународни финансиски институции на кои ќе разговара за инфраструктурните проекти во Македонија.

Од Брисел известува Стојан Трпчевски