Бугарија

Бугарија се подготвува за нови демонстрации

04.12.2025 18:47

Младите и опозицијата бараат оставки и политички промени. Протестите започнаа минатата недела како реакција на предложениот државен буџет за 2026 година, кој предвидува зголемени даноци и придонеси...

По масовните протести во Софија, Бугарија се подготвува за нови демонстрации. Младите и опозицијата бараат оставки и политички промени. Протестите започнаа минатата недела како реакција на предложениот државен буџет за 2026 година, кој предвидува зголемени даноци и придонеси.

Организациите на работодавачи и синдикатите го оценија предлог документот како „најлошиот буџет во последните 30 години“.

Бугарската влада по вторпат објави дека го повлекува нацрт буџетот, а парламентот гласаше за укинување на истиот. На социјалните мрежи веќе се организираат нови собири за следната недела, како притисок за предвремени избори.