Николоски од Брисел: Регионот нема алтернатива освен членство во ЕУ
Николоски истакна дека Македонија направила огромни напори и жртви во пристапниот процес, но дека ЕУ треба искрено да каже дали регионот ќе се приклучи кон Унијата. Тој предупреди дека постојат сили кои сакаат да ја искористат неизвесноста и да наметнат различни геополитички визии.

На панел-дискусијата „Прашања на проширување“ во Брисел, во организација на „Пријатели на Европа“, вицепремиерот Александар Николоски порача дека Македонија и регионот со децении се борат за европските вредности, но дека клучните земји од ЕУ не ја испорачуваат потребната поддршка.
Николоски истакна дека Македонија направила огромни напори и жртви во пристапниот процес, но дека ЕУ треба искрено да каже дали регионот ќе се приклучи кон Унијата. Тој предупреди дека постојат сили кои сакаат да ја искористат неизвесноста и да наметнат различни геополитички визии.
Вицепремиерот нагласи дека, во услови на застој во проширувањето, економската соработка е единствениот пат за развој. Ги посочи големите инфраструктурни инвестиции по европските коридори 8 и 10, како и разговорите со Грција и Бугарија за унапредување на прекуграничното поврзување.
Тој додаде дека поддршката за членство во ЕУ во регионот останува висока и го посочи моделот Словенија–Хрватска како пример за успешно решавање билатерални прашања, но оцени дека Македонија е отворена за соработка, додека, како што рече, од другата страна „недостига интерес“.
