Кознику го менува Ференчина

04.09.2014 16:34

Ардијан Кознику е нов предводник на македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија.

Поранешниот хрватски репрезентативец ќе биде денеска официјално промовиран као заменик на  Рој Ференчина кој со црвено-црните по шесте воведни рунди освои осум бода со две победи доволни за моментно петата позиција на табелата.

46 годишниот Кознику, кој со Хрватска има бронзен медал од СП во Франција 1998, како фудбалер настапуваше за Приштина, Хајдук Сплит, Динамо Загреб, во француските екипи, Кан, Ле Авр, Бастија и во кипарскиот Апоел.

Неговата тренерска кариера е многу посиромашна зашто единствените искуства како предводник од клупата ги имал со хрвтаските клубови, Локомотива и Хрватски драговољац.

Шкендија денеска ќе го промовира и новиот спортски директор, Неби Мустафи кој доаѓа на местото на Швајцарецот Матијас Валтер