Борба против корупција

Адем Чучуљ е нов шеф на Антикорупциската комисија, вети транспарентност и одговорност

04.12.2025 16:41

Со амбиција да ја поправи оценката во извештајот на Европската комисија, Адем Чучуљ го презеде раководството со ДКСК. Свечена заклетва даде во Собранието. Најави дека од институциите ќе бара интегритет, одговорност и транспарентност. Денес се одбележува Меѓународниот ден за спречување на корупцијата...

Со амбиција да ја поправи оценката во извештајот на Европската комисија, Адем Чучуљ го презеде раководството со Државната комисија за спречување на корупција. Свечена заклетва даде во Собранието. Најави дека во текот на неговиот мандат, заедно со тимот ќе работи и ќе бара од институциите интегритет, одговорност и транспарентност.

Законодавниот дом е највисокиот морален правен субјект и контролор на извршната власт, посочи претседателот на Собранието, Африм Гаши. Додаде дека без активно Собрание, нема резултат. Уверува дека граѓаните нема повеќе да имаат сомнеж за транспарентност при работењето.

Амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер, слабост лоцира во системот на неказнивост.

Според првиот човек на Институтот за меѓународни истражувања, Кржаловски, корупцијата е најголемиот проблем со кој се справува државата. Истражувањата покажуваат дека секој трет граѓанин дал мито да заврши работа. Судиите се на врвот на листата на најкорумпирани професии – покажува истражувањето.

Денес се одбележува Меѓународниот ден за спречување на корупцијата.

Марина Стојанова – Тонева