Прва заедничка координација на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО во Министерството за енергетика
Министерката Сања Божиновска истакна дека редовната координација е неопходна заради значајната улога на МЕПСО во обезбедувањето енергетска сигурност. Таа нагласи дека стабилната динамика на проектите, модернизацијата и одржувањето на мрежата мора да бидат врвен приоритет.

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа првиот заеднички состанок со Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО, со цел подобра и поефикасна координација во функционирањето на преносниот систем.
Министерката Сања Божиновска истакна дека редовната координација е неопходна заради значајната улога на МЕПСО во обезбедувањето енергетска сигурност. Таа нагласи дека стабилната динамика на проектите, модернизацијата и одржувањето на мрежата мора да бидат врвен приоритет.
На состанокот се разгледаа напредокот на клучните инфраструктурни проекти, планирањето на нови стратешки инвестиции и надминувањето на предизвиците во секојдневното работење.
Од следната година, МЕПСО ќе стане полноправен член на европската платформа Joint Allocation Office (JAO) за аукции на прекугранични преносни капацитети, што ќе донесе поголема транспарентност и поефикасно управување со капацитетите.
Министерството најави дека ќе продолжи со редовна и засилена координација со МЕПСО за обезбедување стабилен и модерен преносен систем.
