Сообраќај

„Безбеден град“ снима, возачи „летале“ по патиштата

04.12.2025 16:00

И покрај будното око на полицијата има сè уште несовесни возачи кога ќе седнат зад воланот. Објективот на безбедносните камери регистрирал со над 200 километри на час управувано возило на скопската обиколница. До крајот на месецов системот ќе се активира и во Тетово и во Куманово...

Булеварот „Партизански одреди“ за жал е сведок на бројни сообраќајни несреќи и на голем број на жртви. Останува наредниот период да видиме дали поставувањето на безбедносните камери низ улиците на метрополата ќе ги смири страстите на возачите.

И покрај будното око на полицијата има сè уште несовесни возачи кога ќе седнат зад воланот. Објективот на безбедносните камери регистрирал со над 200 километри на час управувано возило на скопската обиколница. Сепак, сообраќајните прекршоци се намалиле за 50 проценти по поставување на системот „Сејф сити“. 

Најмногу прекршоци за брзо возење се забележани на излезот од Скопје кон Тетово и на булеварот „Никола Карев“, додека пак прекршоци за црвено светло најмногу имало на раскрсницата „Цветан Димов“ – „Џон Кенеди“.

Граѓаните се надеваат дека ќе бидат побезбедни на улиците.

До крајот на месецов системот ќе се активира и во Тетово и во Куманово, а од следната година ќе се имплементира и низ целата држава, вклучувајќи ги Коридорите 8 и 10.

Целта е намалување на бројот на жртви на улиците, кој оваа година изнесува 142 лица – далеку над европскиот просек.

Ана Јосифоска