Ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“
На новото рочиште за пожарот во „Пулс“, на обвинителна клупа екс градоначалниците на Кочани, ја оспорија обвинителната постапка, тврдеа дека не биле одговорни за лиценцата и за работење на дискотеката. И обвинетите градежните инспектори негираа вина. Родителите ги пречекаа обвинетите со транспаренти и наредени фотографии од нивните настрадани деца...

Министерството за економија останало глуво на барањата да не се издава лиценца за работа на клубот „Пулс“. Ова го тврди ексградоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски кој во судница кажа дека неговите укажувања биле игнорирани иако во дописот до министерството навел дека дискотеката се наоѓа на локација на која е предвидено да работи лесна индустрија.
Воведни излагања имаа и градежните инспектори опфатени со обвинението. Велат немале ниту надлежност, ниту пријава или налог за да извршат контрола во објектот.
Семејствата на загинатите пред судницата закачија транспарент со ликовите на жртвите. Ова се прави, велат, за да се потсетат обвинетите дека поради нивна негрижа загинаа 63 луѓе.
Обвинението опфаќа 38 лица. Се товарат за тешки дела против општата сигурност.
Анита Димитријевска – Велковска
